Очна лекарка, од кумановската „Општа болница“. е притворена и за неа е отворена кривична истрага поради постоење на основано сомневање дека сторила едно, продолжено, кривичнo делo: злоупотреба на службената положба и овластување и едно, исто така продолжено кривично дело: примање поткуп.
Како што потврдуваат од Обвинителството. во средата, во временски период од седум до 14 часот, како лекар – специјалист за очни болести, ја искористила службената положба и овластување за себе прибавила финасиска корист. Имено, лекарката, во два наврата, побарала од пациенти да и дадат по 12.000 денари, а таа, за возврат требала да им изврши операција на катаракта, но замањето на пари било под изговор дека средствата се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува болница.
Парите кои што ги побарала лекарката бил исплатени во готовина, но таа на пациентите не им издала никаква потврда дека примила некакви средства.
По оформување на предмет на лекарката, а по барање на Јавното обвинителство и е изречен притвор во траење од осум дена.
ЛЕКАРКА ОД КУМАНОВО ПРИТВОРЕНА ПОРАДИ ПРИМАЊЕ ПОТКУП
Спонзорирано