ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ДИЛЕР

474

Скопското Основно јавно обвинителство отвори постапка за лице на возраст од 30 години за кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Истргат која ќе следи доаѓа по извршен претрес на домот на сега веќе осомничениот, во скопската населба Драчево, кога биле пронајдени и запленети 261,82 грама марихуана и17,93 грама амфетамин. Освен дрогата биле одземени и 5,63 грама семки од канабис, неколку таблети од 3,4 метилен-диоксиметамфетамин и две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога. Освен наредбата за поведување на кривична истрга Обвинителството, до скопскиот кривичен суд, доставило и барање со предлог на осомничениот д му се изрче и мерка притвор, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство или, пак, да го потвори делото.​​

Спонзорирано