ЖИТЕЛ НА ДЕБРЕШТЕ ОГРАБИЛ КУЌА НА СВОИ СОСЕЛАНИ

562

Иако Јавното обвинитество не прецизира каде точно се случил настанот за којшто сега се товари 34-годишен жител на Дебреште, сепак, информирааат дека тој ќе одговара за сторено разбојништво и дека нему му е одредена мерка притвор.
Од она што засега е извесно е дека разбојништвото се случило во понеделникот кога осомничениот, во раните утрински часови, влегол во куќа во Дебреште и по внатрешните скали се упатил на вториот кат. Таму, на сила ја отворил вратата од спалната соба која била заклучена и во која спиела една жена. Од звукот на кршењето на вратата жената се разбудила, но тој и вперил пиштол и и се заканил дека доколку не му аде злато и пари. По извршено пребарување на собата, тој од таму излегол носејќи со себе три златни прстени, една белезица, 1.100 денари и 20 швајцарски франци. Кога осомничениот ја напуштал куќата бил пресретнат од друга жена која се обидела да побара помош, но тој и нејзе и се заканил со пиштол.

Спонзорирано