Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија по одржана седница донесе одлука со која како неоснована ја отфрли жалбата на Софија Лаличиќ, сега веќе поранешна судијка на скопскиот кривичен суд.
Со одбивање на жалбата Советот само ја потврди одлуката на Судскиот сове, од 19. март оваа година, а со која Лаличиќ беше разрешена од судиската функција.
Разрешувањето на Софија Лаличиќ доаѓа само неколку дена по заседанание на Советот за одлучување по жалби, а на која од судиска функција беше разрешена Лидија Неделкова, а беше потврдено и разрешувањето на Виолета Дума.
Жалбениот совет на Врховниот суд многу порано ги отфрли жалбите и на Јово Вангеловски и на Владимир Панчевски. За првоспоменатиот во тек е кривична судска постапка, а Панчевски, минатиот август беше осуден на затворска казна во траење оде 3,6 години затвор.
Инаку, за уште еден судија од скопска „единица“ во тек е постапка за негово разрешување и како што сега стојат работите и неговото за минување од судот е повеќе од извесно.
СОВЕТОТ ЗА ЖАЛБИ ЈА РАЗРЕШИ И СОФИЈА ЛАЛИЧИЌ
Спонзорирано