Основното јавно обвинителство во Тетово поведе кривична истрага за лице од Брвеница за кривични дела: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„Во домот на осомничениот 47-годишник, во Брвеница, во вторникот, полицијата пронашла наркотична дрога – марихуана со вкупна маса од 778 грама. Дрогата била скриена на различни локации во домот. Освен ова, полициските службеници пронашле и 29 куршуми со различен калибар“, инфомираат од Обвинителството и потврдуваат дека за осомничениот побарала да му биде изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Спонзорирано