ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА ИЗНУДА – ОБВИНЕТИТЕ ВО КУЌЕН ПРИТВОР

779

Скопското обвинителство со обвинение за изнуда, помагањее во изнуда, несовесно работење и за напад на полициски работник, а судот изрекол алтернативна мерка

За шест лица, скопското Јавно обвинителство поднело обвинение со кое тие се товарат за изнуда, помагање при извршување изнуда, несовесно работење во службата и загрозување на сигурноста.
Како што информираат од Обвинителството четворица се товарат за изнуда, една за помагање во изнуда, нотар се товари за несовесно работење во службата, а еден за загрозување на сигурноста на полициски работник.
„Обвинетата за помагање делото го сторила така што на шести септември минатата година остварила телефонски контакт со сега оштетениот на кого му се претставила како девојка на првообвинетиот и од него побарала финансиска помош. Таа го намамила, следниот ден, да се сретнат на ‘Качанички пат’. Кога оштетениот дошол на средбата, обвинетите на повеќе локации на автопатот Скопје-Тетово, кај патарината Глумово, но и во нотарската канцеларија на обвинетиот (нотар во Тетово), со употреба на сила и сериозна закана го принудувале оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. Имено, тие на особено насилен начин, нанесувајќи му телесни повреди, го принудувале да им го препише сопствениот автомобил ‘масерати’, без притоа да му биде платено“, се вели во соопштението на Обвинителството и дополнително се појаснува дека нотарката се товари постапувала несовесно при вршење на своите овластувања и должности, а поттикната од првообвинетиот ја отворила нотарската канцеларија надвор од работното време, по што составила договорот за купопродажба на возилото со нереално мала цена од 2.950 евра. Иако немало никакво плаќање таа навела дека сумата била исплатена пред нотарот.
„Дополнително, второобвинетиот во овој предмет, на осми септември 2020 година, при обид да биде лишен од слобода, ја загрозил сигурноста на полицискиот службеник во реонот на езерото Треска. Тој му се заканил на полицаецот дека ќе нападне по неговиот живот, односно дека ќе го убие и после 10 години кога ќе излезе од затвор“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Иако обвинението се однесува на тешки кривични дела, четворица од обвинетите, со судско решение, се на издржување на мерка куќен притвор, а Јавен обвинител побарал истата мерка да остане на сила, односно таа да биде продолжена.

Спонзорирано