Скопјанец, на возраст од 43 години е обвинет за поседување 20 килограми марихуана.
Според обвинението, на 21 јануари, во „шкода фабиа“, на паркинг простор на улицата „Јадранска магистрала“, заради продажба, сега обвинетиот држел 19,98 килограми марихуана која била спакувана во две црни најлонски вреќи. При претрес на возилото, полициските службеници ја пронашле и одзеле дрогата.
Инаку, освен обвинителниот акт за обвинетиот е доставен и предлог за продолжување на веќе изречената мерка притвор.
Спонзорирано