Шестмина обвинети за измами со купопродажба на автомобили – четворица недостапни

822

Скопското основно јавно обвинителство обвини шест лица за измами при купување на моторни возила. Имено, со поднесеното обвинение четворица се товарат за повеќе сторени измами, а за прикривање.
Сега обвинетите за измами, во повеќе наврати, од ноември 2019 до ноември минатата година, мамеле граѓани при купопродажба на автомобили, а со цел да прибават противправна имотна корист. Тие се претставувале како купувачи на автомобили огласени на социјални мрежи или на интернет страници за продажба, а потоа ги наведувале сопствениците да извршат пренос на сопственоста врз автомобилот на нотар, но не била уплатувана договорената сума, а се избегнувале и контакти со продавачите на возилата. Вака прибавените возила завршувале кај другите двајца обвинети, кои, пак, ги препродавале на трети лица.
За четворицата обвинети за измама, кои е недостапни за органите на прогонот, обвинителството бара мерка притвор од моментот на нивното пронаоѓање, а доставен е и предлог определување на времени мерки за обезбедување на вкупно седум автомобили.

Спонзорирано