Гостиварец осомничен, скопјанец обвинет за силување

794

Гостиварец, на возраст од 49 години, е осомничен, а шест години постар скопјанец е обвинет за кривично дело силување.
Првиот случај е од 19. овој месец, кога осомничениот ја одвел сега оштетената во неговиот дом, а потоа физички ја нападнал со тупаници и клоци и така ја присилил на сексуален однос. Оштетената, во еден момент успела да го оттурне од себе силувачот и да побегне.​​
Скопјанецот се товари за настан кој се случил на 28. септември, кога тој, со употреба на сила и закана принудил жена на обљуба. Имено, тој пресретнал жена која се враќала од работа и на сила ја внел во возилото кое што го управувал, а потоа ја однел во станот на неговата почината мајка. Таму започнал физички и психички да ја малтретира жртвата, упатувајќи закани кон неа и закани за нејзината ќерка. Тој цело време ја удирал и ја влечел за косата, по што извршил обљуба. По односот тој продолжил да ја удира жртвата со боксови и клоци.

Спонзорирано