Вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и униформиран полициски службеник во СВР Скопје, од скопското обвинителство, се осомничени дека сториле кривично дело измама.
Двајцата споменати, инаку на возраст од 30 и 40 години, како соизвршители, стапиле во контакт со граѓанин на кој лажно му прикажале факти за нивниот идентитет. Имено, со цел да прибават имотна корист, тие му се претставиле со лажни имиња и му прикажале лажни факти според кои против правно лице од Куманово се води постапка од одделението Интерпол при МВР Скопје. Тие му презентирале електронско досие во кое имало докази за наводно незаконско работење, противправно посредување во средување на визи за косовски државјани, нелегално пренесување и продажба на ПЦР тестови за Ковид-19 . Оштетениот бил држен во заблуда така што тие му прикажале лажни информации дека во Одделението за Интерпол во Скопје, наводно, биле вработени сопруга и братучед на еден од осомничените. Осомничените му побарале пари за предметот кој наводно се водел за правното лице, а тие за возврат ќе го затвореле случајот. На договорена и остварена средба, во вторникот, во Визбегово, оштетениот им исплатил 600 евра кои претходно биле криминалистичко-технички обработени и фотографирани. По лишување од слобода, парите биле пронајдени кај еден од осомничените.
За двајцата осомничени измамници обвинителството побарало, а судот прифатил и изрекол мерка притвор во траење од осум дена.
Разузнавач и полицаец мамеле за 600 евра
Спонзорирано