Поранешниот в.д. претседател на скопска „единица“, судијата Стојанче Рибарев, посведочи дека судии се жалеле на начинот на кој Владимир Панчевски ги делел предметите, а имало и писмени реакции
Еден поранешен и актуелниот претседател на скопскиот кривичен суд, денеска, во својство на сведоци, на судскиот процес кој се води против сега веќе разрешениот судија Владимир Панчевски, а кој одговара за злоупотреби на системот АКМИС, односно за делење на предмети на рака, на судии кои што тој ги одбирал.
Како првр сведок, во велешкиот суд, се појави судијата Стојанче Рибарев кој извесно време ја извршуваше функцијата „вршител на должност“ претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Пред Рибарев да потврди дека на работењето на Панчевски имало приговори од судии, обвинетиот пак со укажување до судот дека немал време за подготвување на одбара и дека не го разбрал обвинението, на што судот пристапи кон негово толкување.
Според судијата Рибарев до него биле доставени писмени реакции од судијките Весна Димишкова и Славица Андрeева, кои пожалиле дека одредени податоци поврзани со нивната работа, а извлечени од системот, не соодветствувале со реалната состојба. Рибарев посведолчи дека жалби на однесувањето на обвинетиот Панчевски, односно за делење предмети „на рака“ имало и од други судии, а дека во извештајот на скопска Апелација било нотуирано дека дека предмети не се делеле според системот АКМИС, туку по стариот Закон за кривична постапка.
Во својство на сведок , а на предлог на Обвинителството, се јавбува и актуелниот претседател на скопска „единица“, судија Иван Џолев, кому сега обвинетиот Панчевски му поднесе кривична пријава, на што тој одговори со иста мерка, но со оглед на тоа што во тоа време со обвинителствата „шефуваше“ Марко Зврлевски, пријавата за човекот кој сега одговара за „местење“ на 50-тина предмети, беше отфрлена.
Инаку, Владимир Панчевски од 15. овој месец е во затворот „Скопје“ каде ја издржува мерката притвор којашто му беше изречена поради негово свесно избегнување на судот во Велес, кој, пак, притворот го изрече уште на 10. јули, но обвинетиот се криеше уште цели пет дена.
( Фото: 24 Вести)