Обвинение за лажниот дојавувач за бомба во „Сити мол“

    1491

    Обезбедувачот кој сакал да се шегува со својот претпоставен и кој лажно пријави експлозивна направа наскоро ќе одговара за сторено кривично дело: лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
    Имено, за ова лице, кое е на возраст од 19 години, скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог кој се однесува на споменатото кривично дело. Како што е наведено во обвинението тој, на 29. минатиот месец, во трговскиот центар „Сити мол“, каде и работел, пријавил кривично дело: предизвикување општа опасност, односно откако преку неговиот мобилен телефон се прикличил на интернет страницата www.globefone.com, на својот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“.
    „Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа“, се вели во соопштението на обвинителсатвото од каде потсетуваат дека за него се уште се на сила претходно определените четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште или престојувалиште, да се јавува кај од судот определно, времено одземање на патна или друга исправа и забрана за преземање на работни активности.

    Спонзорирано