Јавен обвинител, од скопското Основното јавно обвинителство, поднел обвинителен акт за 27-годишен скопјанец за сторено кривично дело разбојништво. Сега обвинетиот на 10. минатиот месец, со службено возило на фирмата во којашто работел како дистрибутер, дошол до спортска обложувалница на улицата „Благоја Стефковски“, во скопската населба Маџари. Тој го паркирал возилото во непосредна близина на обложувалницата, а потоа со нож во раката влегол внатре и му се заканил на вработениот и на уште едно лице кое во тој момент се наоѓало во објектот. Под закана тој успеал да одземе 21.760 денари од касите на уплатно-исплатното место, уште 138.020 денари кои биле во ВЛТ апаратите, како и 24 исплатени тикети со вкупна сума од 55.283 денари. Откако го извршил разбојништвото, со возилото го напуштил местото и се упатил во правец на населбата Хиподром.
Инаку, разбојникот не е во притвор, бидејќи за него судијата на претходна постапка изрекол мерка куќен притвор.
Скопјанец обвинет за разбојништво во спортска обложувалница
Спонзорирано