Побаран притвор за девојката која учествуваше во убиството на Пино Секондо

    1488

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донел наредба за спроведување истрага и за второпријавениот за убиството на младиот Пино Секондо.
    „Обвинителството издаде наредби до МВР за вршење дополнителни проверки и од јавниот обвинител беа испитани повеќе сведоци. Врз основа на направените проверки Основното јавно обвинителство поведе постапка и против осомничената поради постоење на основано сомнение дека го извршила кривичното дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство и притоа се наведува дека, вечерта, на 11 декември минатата година, осомничената Ангела Ѓ. (22), од Скопје, го повикала сега починатиот да се најдат кај насипот во населбата Ѓорче Петров, иако знаела дека ќе им се придружи и првоосомничениот, кој, пак, имал намера да го лиши од живот Секондо. Кога пристигнал, првоосомничениот со пушка му се заканил на Пино Секондо, а потоа сите тројца, со автомобил, се упатиле кон атарот на скопското село Арачиново. Откако пристигнале осомничените започнале вербална расправија со жртвата, по што првоосомничениот го застрелал оштетениот.
    Осомничената дала придонес во извршување на кривичното дело со тоа што го повикала сега починатото лице, а била присутна и во моментите на неговото лишување од живот, но и учествувала во пренесување на телото на починатиот и негово криење во близина на селото Љуботен.
    Со оглед на тоа што постои опасност од бегство или да влијае на седоци и со тоиа да ја попречува истрагата до Судија на претходна постапка е доставен предлог за определување на мерката притвор.​

    Спонзорирано