Груевски во УБК барал спас од „бомбата“ на Заев

2222

Немало странски служби, немало базни станици и „жолти комбиња“! Сето она што Никола Груевски го кажа на 31. јануари 2015. година, било смислено и кажано од Ѕвонко Костовски кој денеска, во својатво на сведок, во предметот наречен „Таргет-Тврдина“, сведочи со часови.

Костовски потврди дека Никола Груевски, откако тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев му кажал дека поседува нелегални и компромитирачки телефонски разговори, во придружба на Мартин Протугер најнапред во октомври 2014., а потоа и во јануари следната година, дошол во кабинетот на Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и контразазунавање.

На првата средба Костовски, инаку повикан од тогсашниот началник Горан Груевски, објаснувал дека опрема за прислушување може да се инсталира и на зградата на Собранието, на седиштето на СДСМ и на уште неколку други објекти во центарот на Скопје, но и тоа дека таква опрема може да се постави и на возило во движење. На тајната средба Никола Груевски изразил сомнеж дека толкав број на разговори може да обезбеди грчката или некоја друга, поголема разузнавачка служба, но Горан Грујевски се посомневал во Ѓорѓи Лазаревски.

– „Пренеси му поздрав на твојот пријател! Ако е тој замешан во ова кажи му дека лично јас ќе му го пресечам гркланот! Распрашај го, најпрво од далеку, а потоа процени самиот дали е тој инволвиран!“ – изјави Горан Грујевски.

Сведокот Ѕвонко Костовски потврди дека, во 2015. година, Горан Грујевски барал да му ги обезбеди сите следења на комуникациите на Зоран Заев за 2014. година, а за кои не постоеле судски наредби.

– Имаше материјал за девет Де-Ве-Деа! Успеав да префрлам пет или шест, а ги бележев како ‘З.З. – 2014 – 1/9 ; З.З. – 2014 – 2/9 ; З.З. – 2014 – 3/9 и така натаму. Тие материјали никогаш не му ги предадов на Горан Грујевски, кој, пак, нареди колегите од Оперативна техника да се стават на полиграф. Јас требаше да ја оценувам нивната работа и по налог на Грујевски да им ставам што пониски оцени.“ – Изјави Ѕвонко Костовски.

Денешното сведочење за прислушувањето и за системот „НАИС“, Ѕвонко Костовски го започна со објаснување дека по налог на Горан Грујевски, уште во 2011. година биле отврени четири сајта. Тој не можеше да се сети на името на чртвртиот сајт, којшто бил наменет за обезбедување на телефонски броеви на политичари, бизснисмени, новинари и на невладини организации. Сајтот „Судски наредби“ не подразбирал прибирање на материјал за кој навистина биле издавани судски наредби, но тука биле и сајтовите наречени „Рудник“ и „Полог“.

Костовски посведочи дека без судски налог била следена комуникцијата помеѓу сопругата и синот на Зоран Верушевски, а налог за прислушување немало и во времето кога таа била апсена.
Целиот текст на 24.мк.

Спонзорирано