МАКЕДОНИЈА СО ИТАЛИЈАНСКИ ИСКУСТВА ВО БОРБАТА СО КОРУПЦИЈАТА

1064

Италијанските искуства во борбата со корупцијата, претставени преку Рафаеле Кантоне, претседател на Националната управа за антикорупција, денеска беа презентирани на конференција организирана од мисијата на ОБСЕ и од Амбсадата на Република Италија во нашата земја. Претставувајќи го гостинот од Италија, амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео, рече дека се работи за човек со идеи и решенија како се сузбива корупцијата. Неговата екселенција Ромео кажа дека Рафаеле Кантоне долги години бил Јавен обвинител, извесен период работел како судија на Врховниот суд, а од 2014 тој, токму поради неговите заслуги, е назначен за претседател на Националната управа за антикорупција (АНАК).

„Премиерот Зоран Заев рече дека не можеме да градиме праведно општество, доколку на било кој поединец не му се достапни сите ресурси во тоа исто општество. Заев порача дека мора да си ја средиме државата, а од државните институции побара да ја препознаат и да ја санкционираат корупцијата.“ – изјави Ромео.

Поздравувајќи го изборот на новата Државна комисија за спречување корупција, но и на Законот за корупција. Кантоне е на мислење дека Рим и Скопје се единствени во размислувањата дека работите треба да се менуваат. Кантоне го претстави таканаречениот „италијански пример“. Со свое видување и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Инаку, на претпладневната сесија модератор беше амбасадорот, Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската унија во нашата земја, а дискутанти беа министрите Оливер Спасовски и Рената Десковска и новата претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, додека попладенево свои дискусии имаа Љубомир Јовески, државен јавен обвинител, Арафат Муареми и Гаетано Скацери, генерал во финансиската гарда.

(24 ТВ)

 

Спонзорирано