По повеќе од два часа заседавање Судскиот совет на Република Северна Македонија донесе одлука со која се дозволува симнување на имунитетот на нивниот член Зоран Теофиловски, осомничен за легализација на непостоечки станбен објект и приватизација на државно земјиште.
„Судскиот совет донесе решение со кое одзеде имунитет на член на Советот заради непречено водење на кривичната постапка и донесе решение со кое не го одобри барањето за определување на мерка притвор за член на Советот, поднесено од страна на судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје“, се вели во соопштението на Судскиот совет.
Дали со неодобрувањето на мерката притвор Теофиловски ќе куртули од заминување во „Шутка“ ќе се знае наскоро, но останува тоа дека осомничениот не беше достапен за органите на прогон повеќе од 24 часа и за него беше распишана полициска потерница. Делото за кое се товари Теофиловски го сторил во 2011 и следната, 2012 година, кога како функционер во локален спортски клуб најнапред успела да „легализира“ објект со површина од 122 мектри квадратни иако таков објект воопшто не постоел, а потоа се впуштил во откуп на државен земјиште за багателна цена. Со своите постапки Теофиловски ја оштетил државата за 860.000 евра.
Зоран Теофиловски остана без имунитет, Судскиот совет не сака притвор за него!
Спонзорирано