Теофиловски се појави во суд, Судски совет ќе расправа за неговиот имунитет

1378

Членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски, кој е под истрага за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово и за кој уште во текот на вчерашниот ден беше распишана интерна потерница, утринава се појавил на распит воскопскиот Кривичен суд. Според неофицијални информации, тој сам се пријавил и се повикал на судискиот имунитет.
Поради функцијата којашто ја извршува Теофиловски се повикал на судскиот имунитет за кој во најскоро време ќе треба да расправаат токму неговите колеги од Судскиот совет. Како што сега стојат работите многу е веројатно дека на Теофиловски ќе му биде симнат имунитетот, а доколку дојде до вакво нешто тогаш Судија на претходна постапка ќе може да го прифати предлогот на обвинителствто за негово притворање. Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против осум лица за злоупотреба на службена положба и овластување. Теофиловски е осомничен дека кон крајот на август 2011 година, како претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација.

Осомничените се товарат за штета на буџетот од речиси 860 илјади евра.
Некои медиуми денеска како прашање го поставуваат тоа што Министерствто за внатрешни работи пријавило 13 а Обвинителството кривично гони само осум лица. Иако на ова прашање се уште нема официјален одговор од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага, сепак може да се претпостави дека за некои од тие 13 лица нема доволно докази за да бидат осомничени или дека некои од нив ќе се појават како сведоци во судската постапка која ќе следи.

Спонзорирано