Жители на Трубарево осомничени за разбојништво врз мигранти

    606

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје донел наредба за отпочнување на кривична истрага за пет лица, за кривично дело разбојништво.
    Според обвинителството сега осомничените, во петокот, во скопското село Трубарево, со употреба на сила нападнале врз животот и телото на двајца мигранти од Пакистан. Тие ги забележале мигрантите и им понудиле да ги превезат до граничниот премин Табановце за 200 евра. Откако оштетените се согласиле со сумата, ги намамиле и ги однеле во затемнетиот дел на една од блиските ниви каде со употреба на физичка сила ги совладале и им одзеле пари и други подвижни предмети во вкупна вредност од 75.000 денари.
    Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за петте осомничени лица.

    Спонзорирано