ЗАПИСНИЧАРКА ОД СКОПСКИОТ СУД СВЕДОЧЕШЕ ДЕКА ПАНЧЕВСКИ ИМ ДАВАЛ ПРЕДМЕТИ НА РАКА НА НЕКОИ СУДИИ

3456
KODAK Digital Still Camera

Во тој контекст, беше спомната судијката Татјана Михајловска на која, со заобиколување на АКМИС-от, ѝ бил доделен предмет на СЈО

Четворица сведоци беа испитани на денешната главна расправа во велешкиот Суд во процесот против поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје Владимир Панчевски, обвинет за злоупотреби на АКМИС-от. Лилјана Спасевска, записничарка во Оновниот суд Скопје 1, во сведочењето потврди дека постоела листа со судии кои ги добивале предметите на рака.

Таа спомна предмет на СЈО, со звучни имиња, кој завршил кај судијката Татјана Михајловска, која го добила и го работела по стариот Закон за кривична постапка. Панчевски, на денешната главна расправа, одби да се изјасни дали го разбира обвинителнот акт, посочувајќи дека не е подготвен за тоа и дека не се сретнал со неговите бранители. Судијката Валентина Георгиева нагласи дека Судот се уверил оти обвинетиот Панчевски не разбрал за што е обвинет и накратко ја изнесе содржината на обвинението. Обвинетиот Панчевски побара Судот да му појасни на кој начин се повредени правата и какви се последиците од тоа.

Адвокатот Петро Јамуро рече дека обвинението, како што е поставено, не е јасно и побара од ОЈО да го прецизира. Тој укажа дека Панчевски е се уште судија и побара од велешкиот Суд да се обрати до Основниот кривичен суд – Скопје да достави информација дали Панчевски фигурира како вработен. Тој побара од судот да ја укине и мерката притвор, бидјеќи смета дека се додека е вработен како судија има право на имунитет и дека се прави повреда на тоа право. Адвокатот Јанура побара и изземање на судијката и на Основниот суд Велес поради, како што рече, нетрпеливост и прераспределба на предметот на друг суд. Но судиите не го прифатија ова барање, така што процесот против Панчевски продолжува во Основниот суд во Велес, додека тој е во притвор во „Шутка“.

Панчевски, според обвинението на ОЈО – Скопје, се товари дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно, давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот. Тој, како што стои во обвинението, кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

Судењето продолжува утре.

Спонзорирано