Предистрага во ДИК за набавката на софтвер и три телевизори

1311

Обвинител и истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран кримимнал и корупција денеска влегоа во Државната изборна комисија за да истражат како дошло до тоа на една недела да се замени стариот со нов софтвер, кој, пак, се покажа како неупотреблив токму на денот на изборите.
Денешната проверка доаѓа по допрен глас во јавноста, а за проблемот со софтверорт. И „Правосудство“, само три дена по изборите, јавно побара обвинителството да ги провери изборните резултати, набавката на софтверот која не била одобрена од Бирото за јавни набавки, бидејќи била незаконска.
„Поднесовме барање до судија на претходна постапка да даде наредба за претрес поради сомневања за јавната набавка. Ќе ја провериме законитоста на јавната набавка“, изјави обвинителката Вилма Русковска.
Инаку, овен за софтверот ОЈОГОКК се интерсира и за на набавка на три телевизори и за таа цел била подигната документација. Од документацијата треба да се дојде до сознанија кои се во насока на избор на фирмата „Дуна“, во непосредна спогодба. За предметните телевизори, за кои медиумите пишуваа пред само неколку дена од ДИК беше кажано дека биле набавени во една законска процедура.

Спонзорирано