Владимир Панчевски предметите на СЈО им ги доделил на две судијки!

1508

Уште едно продолжение на судскиот процес кој се води против Владимир Панчевски и нови сведоци кои потврдуваат дека тој го злоупотребил системот АКМИС, односно дека битни судски преедмети им ги делел на судии кои биле од него избрани.
Денешното продолжение на судењето започна со доцнење, бидејќи се чекаше мислењето на Апелациониот суд во Скопје кој требаше да одлучува дали ќе биде прифатено изземањето на велешекиот суд, а на што инсистира обвинетиот и неговите бранители. Инаку, токму адвокатите се тие кои најверојатно заборавиле дека Панчевски се криеше цели пет дена од моментот на донесување на решение за негово притворање, па сега бараат судот да донесе ново, и содржински изменето решение.
На продолжението судот успеа да распраша четворица сведоци, односно две службренички и двајца информатичари од скопскиот кривичен суд. Сведоците само го потврдија она што долго време се говореше низ судските кулоари, а што сега е предмет на обвинување, односно дека Владимир Панчевски делел предмет на рака, односно со „прескокнување“ на системот АКМИС. Тој, главно, рачно ги делел предметите кои ги водеше тогашното Специјално јавно обвинителство. Имено, според шефицата на судската писарницата, лично таа, во време кога Панчевски шефуваше со скопска „единица“, му ги донела во неговата канцеларија предметите иницирани од СЈО, а тој, на рака им ги дал на судијките Лидија Петровска и на Татјана Михајлова, која и ќе го наследи на претседателската функција. За овие предмети не се ставал никаков потпис или какво и да е решение.

Спонзорирано