Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, според Неговата екселенција, Ласло Дукс, амбасадор на Република Унгарија во нашата земја не е политично, туку е правно прашање!
Имено, на денешната прес-конференција на која амсадорот Дукс ја најави манифестацијата „Недела на унгарската култура во Северна Македонија“, рече дека не сака да зборува за инволвираноста на унгарската Влада во бегството на Груевски, но во исто време негира дека амбасадата во Скопје има замешаност во ноемврските случувања.
Иако за луѓето од организацијата ценеа дека не треба да се поставуваат „политички прашања“, сепак одговорот кој го даде Неговата екселенција, амбасадорот Дукс, а кое што се оденесува на бегството на Груевски и експресното обезбедување на азил во Унгарија, е правно прашање.
Бегството на Груевски во Будимпешта се случи на почетокот на минатиот ноември. Од досегашниот тек на истрагата може да се заклучи дека бегството било педантно испланирано, а главни „протагонисти“ биле припадници на унгарските служби. Имено, белгискиот портал „Политико“, повикувајќи се на свои извори објави дека во олеснувањето на бегството на Груевски, од Македонија, преку Албанија, Црна Гора и Србија во Унгарија, била вклучена унгарската разузнавачка служба, односно двајца нејзини агенти.
За Груевски е распишата и меѓународна потерница, но тој од унгарската влада доби азил.
 
			