За сторени финансиски малверзации приведени дваесетмина бизнисмени

1329

На листата на осомничени освен бизнисмени има и сметководители, но и банкарски службеници и сите тие се товарат дека го оштетиле државниот буџет за повеќе од милион евра

 

Биснимсни, сметководители и банкарски службеници денеска се приведени од Уптравата за финансиска полиција поради сомневање дека ја оштетиле државата за повеќе од милиот евра. Имено, дваесетмина бизнисмени и сметководители од општинските каси на Тетово и Гостивар, незаконски, извлекле од милион евра.
Според првичните информации УФП, до Јавното обвинителство, има подне4сено кривични пријави за 20 физички и 15 правни лица за сторени кривични дела: даночно затајување, злоупотреба на службената положба и за помагање, односно дека кои со избегнување на данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок ја оштетиле државата за 62.933.835 денари.
Сопоред истите информации лицето М.И., од Скопје, а по добиени по насоки и по претходен договор со Ф. К. и Е.К., од Тетово, односно со М.Т. и А.Д., од Велес, со скопјаните Д.Т., М.К. и В.Б., од 2015 до 2017 година, во име на правните лица „Мартоник 2013 ДООЕЛ Тетово“, „Голд Инженеринг“, „Дајмонд инженеринг“ и „Ваиб електроник“, сите од Скопје, изготвиле и доставиле 96 фактури во кои била внесена невистинита содржина во висина од 71.384.348 денари, без притоа да постојат вистински должничко-доверителски односи со фирми од Желино, Скопје, Тетово и Кичево, но на нивните снметки „легнале“ 66.686.686 денари. Примените пари биле подигани како позајмици или за материјални трошоци, а потоа во кеш им биле враќани на корисниците на фиктивните фактури, но за услугата се наплатувала провизија од два до пет отсто.
Меѓу осомничените се и лицата: Е.К., Ш.К. и С.К.З., сите вработени во „Капитал банка – Експозитура Тетово“. Тие се товарат дека ги поврзувале сега веќе инволвираните физички и правни лица.

Спонзорирано