Приведени петмина од осомничените за финансиски малверзации

1185

Петмина, од големата група која се сомничи дека сторила неколку кривични дела, односно дека ја оштетиле државата за повеќе од еден милион евра, се веќе влезени во судска постпка.
Судија на претходна постапка, од скопскиот кривичен суд, за нив, од Обвинителствто, веќе добил предлози определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган, како и привремено одземање патна и друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова.
Како што доцна синоќа информираа од Обвинителствтото, со поднесената кривична пријава, освен петтемина споменати, опфатени се уште 7 физички и 15 правни лица и за нив е отворена претходна постапка за даночно затајување.
Инаку и од Јавното обвинителство потврдуваатдека делата за кои сега се товарат осомничените биле сторени во еден подолг временски интервал, односно од први јануари 2015 до до 31. декември 2017 година, кога тие, како сопственици, управители и овластени лица на сметките и деловните активности на правни лица, заедно со уште тројца вработени во „Капитал банка – Експозитура Тетово“, со умисла извршиле две временски поврзани дејствија што преставуваат повеќекратно остварување на истото кривично дело. Тие, за да избегнат плаќање данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок на доход, дале лажни податоци за своите приходи со што влијаеле на утврдување на износот на даночните обврски.

Спонзорирано