ВРАБОТЕНИ ВО УБК ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ СЛУЖБЕНАТА „СПЕЦ КАСА“ ЗА 50.670.000 ДЕНАРИ

    2465

    Судија на претходна постака им изрече мерка притвор на Тони Јакимовски, Стево Маџовски, Петре Пешовски, а на осомичената Кристина Јосифовска се изречени поблаги мерки за обезбедување

     

    Шефот на кабинетот на тогашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, како и неговите колеги Стево Маџовски, Петре Пешовски и Кристина Јосифовска, попладнево се лишени од слобода поради сомнеж дека, во еден подолг временски период, ја злоупотребиле таканаречената „спец каса“ на УБК за 50.670.000 денари или нешто преку 820.000 евра.
    Јавен обвинител, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска издаде наредба за отпочнување на кривична истрага за четири лица.
    „Лицата се осомничени, дека како вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и го оштетиле Буџетот на Р. Македонија за 50.670.000 денари“, се вели во соопштението на Обвинителството и притоа се појаснува дека од јануари 2007 до мај 2017 година, осомничените како службени лица во УБК, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на ‘Упатството за користење на средства за посебна намена на УБК’. Во наведениот временски период, во 172 наврати, осомничените подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале. На крајот од годината, документацијата за исплата-‘Главните книги за евиденција’, ги уништувале, без посебно одобрение од директорот на Управата и без записник, притоа не оставајќи примерок од прегледите, извештаите и главната книга за евиденција.
    Инаку, Тони Јакимовски беше лишен од слобода во моментите додека нему, и на многу други, им се судеше во предметот наречен „Таргет-Тврдина“.

    Спонзорирано