Во Шведска уапсен бегалецот Давидовски, обвинет за насилствата на 27 април

441

Шведската полиција го уапси Дејан Давидовски (39), по кого беше распишана меѓународна потерница поради учество во насилствата во парламентот на 27 април 2017 година.

Давидовски, кој е обвинет, исто така,  за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, бил упасен наљ 7 април  на аеродромот во Стокхолм, каде што, според информациите, пристигнал со лет од Софија. По него беше распишана потерница во почетокот на 2018 година. Македонските власт, како што се најавува, сега ќе бараат екстрадиција на Давидовски во земјава.

Тој е дел од групата која со маски влезе во Собранието дента кога се избираше новиот претседател на парламентот. За насилствата на 27 април 2017 година, минатиот месец, беа осудени 16 лица во големиот процес што се водеше за овој случај. Тие добија вкупна затворска казна од 211 години затвор. Највисока казна од 18 години затвор доби ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, а најмала од седум години му беше изречена на полицаецот Абдулфета Алими.