Вооружен грабеж во „Тутунска банка“ во Чаир

1422

Вооружени лица утрово извршило разбојништво во НЛБ, поранешна „Тутунска банка“  на ул.„Ферид Бајрам“ во скопскi Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари.

Во МВР настанот е пријавен во 10.30 часот. При разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени. Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е. (26), вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот

Спонзорирано