Завршни зборови во процесот Заев против Николоски

970

Бизнисменот и брат на премиерот Зоран Заев, Вице Заев не се појави во судот денеска, но неговиот адвокат констатираше дека со клеветата од потпретседателот на опозицијата Александар Николоски се компромитира неговата личност и почитта од сограѓаните.

„Слободата на изразување сепак во определени услови може да биде санкционирана и ограничена во случај кога со слободното изразување се нарушуваат угледот и правата на другите.“ – изјави Горан Заев -адвокат.

Спротивно на ова, тужениот Александар Николоски во завршниот збор вели критиката до власта е работа на опозицијата, а неговата намера не била да го навреди. Toa што го кажал во интервјуто за Заев вели го прочитал во Курир, Нетпрес, Инфомакс.

„Врз основа на целата државна постапка која што ја имацвме во текот на овие три рочишта како и врз основа на распитот на вице заев, неспорно се утврдија два факти. Првиот е дека е јавна личност имајќи предвид дека давал интервјуа во јавноста и дека е брат на претседателот на владата и втората дека е голем или главен бизнис фактор во државата затоа што поседува преку 30 компании кои што остваруваат профити и во државата и во странство за што и самиот призна.“ – изјави Александар Николовски – потпретседатекл на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред завршните зборови денеска се гледаше и снимката од телефонското интервју во која Николовски го критикува Вице Заев и неговото семејство дека ги добиваат државните тендери и вели дека европски вредности „сигурно не се наместени тендери“.

Братот на премиерот, Вице Заев се соочи со Николовски на претходното рочиште. Дали Николовски за навреда и клевета ќе плати 500 евра ќе пресуди судијката Кети Германова за десет дена.
Телевизија 24

Спонзорирано