ВИЛМА РУСКОВСКА: „ЗАСЕГА ОСТАНУВАМ НА ТОА ШТО ГО КАЖАВ!“

825

„Освен она што вчера беше кажано, засега не планирам ништо друго да изјавам. Мислам дека она од вчера е сосема доволно“, изјави за „Правосудство“, Вилма Русковска, шеф на Основното јавно обвинитество за гонење на организран криминал и корупција, а по најавите на директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, дека за нејзе и за уште две други обвинителки од ОЈО ГОКК ќе поднесе кривична пријава.
Обвинителката Русковска потврди дека овие денови го користи својот годишен одмор, но исто така потврди дека и натаму останува отвореа за соработка како со државните институции, така и со медиумте, се разбира дококу се укаже потреба за такво нешто.
Како што е веќе познато во текот на вчерашнот ден директорот на УФП, Арафат Муареми, најави кривична пријава за Русковска и за уште две нејзини колешки. На ова уследи реакција на обвинителката која освен што ја информираше Владата за однесувањето на Муареми, истото го стори и со неколку странски дипломтски претстсавништва, а пред се амбасадата на САД и Канцеларијата на Европскта унија. Обвинителката Русковска ја повика и нејзината колешка Лаура Ковеси да дојде и да изврши проверка на целокупното работење на ОЈО ГОКК.
Препукувањето на релација Русковска – Муареми започн на 18. минатиот месец кога истражители од ОЈО ГОКК, а по претходна пријава од граѓани, влегоа и извршија претрес на кацеларијата на Муареми. Една недела подоцна, Муареми доживеа делумна сатисфакција од одговорот којшто го доби од Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески. Во меѓувреме Муареми побара од Судскиот совет да поведе постапка за судијата Седат Реџепагиќ, бидејќи тој се јавува како потписник на налогот за претрес на канцелараијата на Муареми, а по барање на ОЈО ГОКК, од каде и најава дека доколку случајот ексалира јавноста ќе биде запознаена со информациите кои тие ги поседуваат за директорот на УФП.

Спонзорирано