Вилма Русковска најави истрага за судиите кои ја пуштија Катица Јанева од притвор!

1971

Само неколку часа по упатувањето на Катица Јанева на издржување на мерката куќен притвор се огласи и Вилма Русковска, шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Имено, како што пренесува опорталот „А1 ОН“, Русковска е незадоволна од одлуката на Кривичниот совет на Апелациониот суд во Скопје кој донесе решение со кое на Јанева и се укинува, односно мерката притвор и се заменува со поблага мерка – куќен притвор. Русковска потврдува дека тие се уште не го примиле решението на Апелација и дека тие дале негативно мислење по предлогот за изрекување на поблага мерка, но таа во исто време најавува финансиска истрага за сите судии кои учествувале во носењето на одлука. Обвинителката Русковска е на мислење дека со такви судии не може да се оди во Европската унија.
Инаку, во текот на денешниот ден екс-шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, со полициска придружба беше спроведена до центарот на Скопје, поточно до станот на нејзиниот син во кој ќе ја издржува мерката куќен притвор. Јанева ја покри главата со качулката од виндјакната, а рацете, на кои и беа ставени „лисици“ ги беше прекрила со марама. Катица Јанева, заедно со Бојан Јовановски викан Боки 13 и Зоран Милески со прекар Кичеец се обвинети во предметот наречен „Рекет“. Тие се товарат дека за милионски суми на евра требало да му помогнат на Јордан Камчев, првоосомничен во предметот наречен „Империја“, да излезе од притвор, а потоа и од куќен притвор и притоа да му биде обезбедена и патна исправа за тој да може непречено да излезе од земјата.

Спонзорирано