Основното јавно обвинителство во Кавадарци отпочнало кривична постапка за едно лице за продолжено кривично дело: загрозување на сигурноста.
Сега осомничениот, инаку жител на Велес, во неколку наврати, преку една социјална мрежа, упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, кој во моментов работи како нотар во Кавадарци, а во минатиот петок тој дошол во канцеларијата на нотарот и му се заканил со нож.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци на лицето му определи притвор во траење од 8 дена.

Спонзорирано