Велешанец под истрага за трговија со 4,23 килограми марихуана

    965

    Основното јавно обвинителство во Битола донело наредба за отворање истрага за кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Сега осомничениот, инаку 38-годишен жител на Велес, во вторникот, заради илегална препродажба, во својот автомобил, превезувал 4.223 грама марихуана и 1,98 грама амфетамин. Дрогата била откриена при контрола на неговото возило, во близина на една бензинска пумпа на патниот правец Ресен-Битола.
    На осомничениот, а по предлог на Јавен обвинител, одреден му е притвор во траење од 30 дена.

    Спонзорирано