Управителот на „Урбан инвест“ посведочи дека Јанакиески и Божиновски му побарале 15.000 евра

1168

Управителот и еден од сопствениците на кавадаречката фирма „Урбан инвест”, Јордан Грков, на денешното продолжение на судењето за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, потврди дека во време на претходната власт добивал тендери, како од општимните така и од Град Скопје, но и тоа дека му биле барани пари.
Сведокот Грков, одговарајаќи на прашање поставено од обвинителката Ленче Ристоска дали некој од ВМРО-ДПМНЕ му барал пари, даде потврден одговор. Имено, иако на вака поставеното прашање имаше реакција од одбраната на обвинетите во предметот наречен „Талир“, одговор сепак беше даден. Грков кажа дека некаде пред изборите добив смс-порака од тогашниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Центар и од него се барало да дојде во Владата, а кога дошол бил примен од Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. На средбата која била кратка му било кажано тој има обврска да даде 15.000 евра и дека парите треба да му ги даде на иазвесен Марјан.Тоа што од него било побарано било и реализирано. Парите биле садени во готовина и за нив нема никаков пишан документ.
Дека ВМРО-ДПМНЕ се финансирала на незаконски начин потврди и сведокот Менка Радивојша, поранешна советничка во Општина Центар. Овој сведок кажа дека давала пари за партијата, но дека во време кога со Општинскиот омитет на ВМРО-ДПМНЕ претседателувал Игор Есмеров им биле дадени празни уплатници на кои само требало да го впише својот матичен број и да ја потпише уплатницата. Таа не гон сторила тоа, само благодарение на Даниела Рангелова.
Инаку, денешното судење започма со изрекување на казна од 500 евра за штипскиот адвокат Донче Наков, кој на минатото судско рочиште го оправда неприсуството на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, а кој, пак, се појавува како претставник на обвинетата партија. Имено, Наков презема обврска да пренесе одлука на судот и да донесе медицинска документација за Стоилковски, во рок од три дена, но и после безмалку еден месец тоа не е направено.
Во предметот „Талир“ обвинети се бегалецот Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски и Леко Ристоски. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело. Обвинета беше и Елизабета Чингаровска, но таа пред да започне судењето го призна сторувањето на делото и се согласи да добие казна затвор во траење од две години кој ќе и се замени за условна казна во траење од пет години. Со обвинението и ВМРО -ДПМНЕ се товари за перење пари е обвинета е и ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски се товари дека меѓу 2009 и 2015 година, со злоупотреба на службената положба, спротивно на Законот за финансирање на политички партии и Законот за спречување на корупција, обезбедувал финансии од анонимни и противправни извори на финансирање за ВМРО-ДПМНЕ, а дека во реализацијата му помогнале Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски кои, вршеле притисок на претставници на правни лица кои имале договори за јавни набавки со државни органи, а притисоци се вршеле и врз јавни претпријатија или единици на локална самоуправа. Средства, во кеш, Груевски не им ги враќал и на тој начин прибавил 283.432.656 денари, односно 4.608.661 евра.
За да се прикрие криминалот, Груевски и Божиновски, заедно со Јанакиески и Чингароска, организирале уплата на средствата со готовински уплати во кои се внесувале невистинити податоци, односно дека уплатата ја вршат оние лица чии што имиња се напишани на уплатниците.

Спонзорирано