ТРОЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА НАПАД НА ГОСТИВАРСКИОТ ОБВИНИТЕЛ

646

Три лица се осомничени за напад и ранување на Х.И.(39), од село Форино, гостиварски јавен обвинител. Тетовското Обвинителство за ранувањето осомнични двајца полнолетни и еден малолетник за кривично дело обид за убиство. За полнолетните веќе е донесена наредба за спроведување истрага и барање за нивно притворање, а за малолетникот, пак, ќе се води постапка согласно Законот за правда на децата.
Според сознанија се работи за лицата Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од Чегране и Б.Ф.(41) од Церово, тетовско.
Како што е веќе познато, вчера, некаде околу 5,30 часот, сега осомничените се обиделе со умисла да го лишат од живот јавниот обвинител кој утрото, со својот автомобил и во придружба на негов роднина, се движел по патот низ селото Чегране. Тој бил запрен од еден од сега осомничните, токму пред домот на другиот осомничен. Обвинител им блиндирал со светлата за да го ослободат патот, но откако успеал да ги одмине тој бил следн од автомобил во кој биле сега осомничните кои малк подоцна успеале да го запрат обвинителот. Тој им се претставил на непознатите и им рекол дека доколку има потреба ќе повикаат полиција за да го расчисти настанот, но тогаш сите тројца започнале да го удираат. Малолетникот од џебот извадил нож со кој му задал убодна рана во задната десна страна од градниот кош, а потоа се обидел да го прободе уште еднаш. Гледајќи дека осомничените имаат намера да го довршат делото и да го лишат од живот, оштетениот извадил пиштол кој го поседувал со дозвола и испукал предупредувачки куршум во воздух со што ги запрел.
Судијата на претходна постапка од судот во Тетово го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на двајцата полнолетни осомничени им определи притвор во траење од по 30 дена.​​

Спонзорирано