Изминативе денови некои судови и обвинителства и покажаа на јавноста дека се независни во своето работење и дека како такви можат да си носат одлуки какви што самите си ги замислиле
Ако нема кој да ги казни виновниците, тогаш судиите и обвинителите стануваат уште поголеми виновници, но и тие, исто така, остануваат неказнети
Љубиша Станковиќ
За многу кратко време се случија неколку работи кои се однесуваат на (не)работењето на судовите и обвинителствата, кои, како по навика, предизвикуваааат реакции во јавноста. Всушност, изминативе денови некои судови и обвинителства и покажаа на јавноста дека се независни во своето работење и дека како такви можат да си носат одлуки какви што тие самите ги замислиле.
Последната „независна“ одлука се однесува на судот во Охрид кој за сообраќајна несреќа со двајца загинати и уште тројца повредени изрекува условна казна и да бељата биде уште поголема изречена е и парична глоба во висина од 3.000 евра.
Законот, нели, не дозволува да се коментира судска одлука, ама, пак, да не се спомнеше одлуката на судот во Охрид немаше да знаеме дека може да се вози и тргазуваат луѓе и за стореното да бидеш искаран од судот и – толку!
Кога реков последна одлука, мислев последна во низата, ама вистинското прашање е дали ќе е последна? Да е барем последна, ама не е!
Треба ли да потсетиме што стори Зоран Милески – Кичеец? Изгледа дека треба?! Милевски, првосилно осуден и на издржување на затворска казна, со автомобил, предизвикува сообраќајна несреќа во која едно лице загина, а уште неколкумина други се здобија со повреди! И наместо да биде осуден со ефктивна затвоска казна тој минува со условна осуда, ама во исто време бара да му се прекине здржувањето на пресудата поради која е во затвор.
За најновиот скандал разбрав од социјаланите мрежи. Не знам дали објавеното е точно и проверено, но вреди да се спомене, бидејќи дотичниот Драганчо Стојменов или Дацо Белски или познат како човекот поради кој беше оформен предметот „Детонатор“ еднаш веќебеше во бегство. Не ми е познато дали споменатиот, инаку осомничен за обид за убиство, по втор пат им бега на правосудните органи, откако тоа еднаш веќе го направи во 2019 година, но се и да не така, останува отворен прашањето: Дали е можно, судот во Кочани, и по повеќе од две години да нема никаква одлука?
Судско-обвиителсклите одлуки го мотивираа и актуелниот министер за правда да реагира, но министерот Маричиќ никако не смее да изјавува дека е вчудоневиден од некои одлки, а не смее ни да заборави дека и тој самиот може да иницира постапки, а по кои ќе треба да одлучуваат Судскиот совет и Светот на јавни обвинители. А дека уште многу, многу судии и обвинители треба да си заминат не е само мое мислење, туку е и мислење на најголмиот број на граѓани, бидеќи ако нема кој да ги казни виновниците, тогаш судиите и обвинителите стануваат уште поголеми виновници, кои, исто така, остануваат неказнети.
Како за крај би сакал уште еднаш да потсетам никој не очекува некакви големи реформи, но и тоа дека ако нема правда ќе нема ни мир!
П.С.
И додека граѓаните очекуваат правда, пред некој ден судот носи одлука со која му се укинува притворот на Миле Јанакиески! Сега уште фали да го ослободат и Орце Камчев па да се комплетираат сомнителните судски одлуки!