Доживотен затвор за недостапните Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и за неговиот брат Агим Исмаиловски изрече судечкиот совет на скопскиот кривичен суд за предметот наречен „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковското езеро.
За организирање на бегството на сега недостапнуте Демирти и Исмаиловсиќ, обвинетиот Фејзи Азири е осуден на затворска казна од 15 години, а Хаки Азири, за помагање во тероризам е осуден на девет години затвор.
За бруталниот масакр кој се случи на 12, април 2012 година и во кој беа застрелани младите Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и Филип Славковски, како и на рибарот Борче Стевковски, судот еднаш донесена пресуда, но целиот предмет беше вратен од почеток.
Спонзорирано