САШО МИЈАЛКОВ ЗАПОЧНА СО ИЗДРЖУВАЊЕ НА КУЌНИОТ ПРИТВОР

444

Денеска е прв ден од почетокот на мерката куќен притвор која Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја побара и доби за екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, откако тој два дена се водеше како недостапен за органите на прогонот.
Како што е познато на Сашо Мијалков вчера му беше врачено решение за издржување на мерка притвор, а потоа со полициска придружба тој беше однесен во неговиот дом. Врачувањето на решение беше официјално потврдено и од Обвинителствто, од каде и информација дека тој самиот се пријавил кај нив, а дека за сопственото „исчезнување“ кажал дека разбрал дури вчера утро, бидејќи имал висока температура, па одлучил да се самоизолира.
Она што е извесно е дека мерка куќен притвор подразбира 24 часовен видео и аудио надзор на Мијалков. Инаку, во петок, за него и за уште 11 други лица, обвинети во предметот наречен „Таргет – Тврдина“, ќе треба да биде изречена првостепената пресуда.

Спонзорирано