Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Тетово издал наредба за отворање истрага за две лица, татко и син, за кривичното дело: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Првоосомничениот, 53-годишен жител на Тетово и неговиот 27-годишен син заради илегална продажба држеле 9.450 грама наркотична дрога марихуана.
На 30. минатиот месец, позади една бензинска пумпа во Тетово, тие го паркирале нивното возило „БМВ“, бидејќи планирале препродажба на марихуаната, но полициски службеници од СВР Тетово го забележале возилото, а потоа ја пронашле и дрогата.
На сега осомничените, со решение издадено од Судија на претходна постапка, им бил изречен притвор во траење од по 30 дена.
Спонзорирано