Републичкиот Јавниот обвинител донел решение со кое еден скопски обвинител се оддалечува од функцијата јавен обвинител се додека за него се води дисциплинска постапка. Имено, за обвинителот, кој е вработен во Основното јавно обвинителство – Скопје ќе се води дисциплинската постапка поради основано сомнение дека сторил: тешка дисциплинска повреда, од член 91 став 1 алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство.
Како што потврдуваат од Обвинителството при вонреден надзор од Вишото јавно обвинителство – Скопје, било констатирано дека јавниот обвинител во значителен дел од предметите кои му биле доделени за работа не ги презел неопходните дејствија согласно Законот за кривична постапка заради донесување мериторна јавнообвинителска одлука, а еден предмет, поради одолговлекување застарел.
„Од почетокот на примената на новиот правилник за начинот на спроведување на постапката за утврдување одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда, донесен на 18. мај 2021 година, ова е петта поведена дисциплинска постапка за јавен обвинител“, се вели во дописот на Јавното обвинителство, па така, било донесено решение и за јавен обвинител од Тетово со кое тој се оддалечува од функцијата. Другите три случаи се однесуваат на обвинители од Битола, Ресен и Охрид. Согласно донесените одлуки на обвинителот од Основното јавно обвинителство – Битола му била изречена дисциплинска мерка – намалување на плата во износ од 20 отсто во траење од четири месеци, на јавен обвинител од Ресен, во следните четири месеци, ќе му биде исплатувана намалена плата во износ од отсто, а за охридскиот обвинител се уште се води постапка. Од Обвинителството, исто така информираат дека пред Советот на јавните обвинители во тек е жалбена постапка за уште тројца обвинители за кои дисциплинските мерки беа изречени во дисциплинска постапка спроведена според стариот Закон за јавно обвинителство и претходно важечкиот правилник. Оттаму и уверување дека сите утврдени дисциплински повреди ќе бидат санкционирани согласно одредбите на Законот за јавно обвинителство.
СУСПЕНДИРАНИ СКОПСКИ И ТЕТОВСКИ ОБВИНИТЕЛ, ДВАЈЦА ДРУГИ КАЗНЕТИ ПАРИЧНО
Спонзорирано