Јавен обвинител од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до скопскиот кривичен суд поднесе обвинителен акт за седум лица и обвинителен предлог за сторени кривични дела: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, криумчрење и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
Од досегашниот тек на истрагата било утврдено дека, во ноември миатата година, четворица од обвинетите, меѓу кои двајца полициски службеници, во два наврата, организирале неовластено шверцување на таблети коишто содржат прекурсори и дека четворица царински службеници постапиле спротивно на нивните службени овластувања.
Првиот настан се случил на втори ноември минатата година кога на царинската испостава на меѓународниот аеродром „Скопје“, без преглед биле изнесени 29 различни видови на таблети во тежина од 190,90 килограми. Таблетите, спакувани во осум кутии, преку зелениот појас во близина на границата со Косово, биле пренесени на косовска територија каде биле откриени и одземени од косовската полиција. Три дена подоцна, 13 пакети со таблети „Decancit SR“, коишто содржат цетиризин и прекусор псеудофедрин, а класифициран во прва категорија во националната листа на прекусори со тежина од 1.015 килограми и во вредност од над 4.826.410 денари без пропишаната контрола, исто така биле изнесени од карго терминалот на скопскиот аеродром.
Обвинитество цени дека и во двата случаи обвинетите царински службеници А.А., Љ.Љ., Д.К.Ш. и Џ.Ш. постапиле спротивно на нивните овластувања и должности и не извршиле задолжителен преглед и не извршиле контрола, ама без да ги отворат пратките констатирале дека стоката во пакетите е идентична со опишаната во документите од царинската декларација и дека царинската процедура е завршена. Со ваквото постапување тие овозможиле преку царинска линија да бидат пренесени стоки кои биле различни од декларираното. Со дејствијата што не ги извршиле, според Обвинитството, произлегло дека Б.А., М.А и И.А. сториле кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а обвинетите Б.А. и М.А. се товарат за кривично дело криумчарење, за кое е обвинет и И.Ф. Инаку, царинските службеници А.А., Љ.Љ., Д.К.Ш. и Џ.Ш. се обвинети за криввично дело криумчарење, додека обвинетиот М.А. за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.​

Спонзорирано