СУДОТ ЈА ПОКАЖА ПОВРАТНИЦАТА ОД ДОСТАВА, ГРЕШКАТА Е НА ЗАТВОРОТ

607

Скопскиот кривичен суд со објава на повратницата од достава потврдува дека до струшкиот затвор била испратено навремено известување, односно барањето за спроведување на обвинетиот Сашо Мијлаков во судот, односно негово присуство на денешното рочиште на судскиот процес за предметот наречен „Титаник 2“, е настаното поради пропус на струшкиот затвор.
Како што информираат од скопскиот кривичен суд судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев, кој на денешната главна расправа, а по добиена информацијата дека обвинетиот Мијалков не е спроведен од затворот „Струга“, пред присутните странки и пред другите писутни ја презентирал повратницата од достава на наредба за спровод, примена во затворот на 14. овој месев. На повратницата се гледа дека стои датумот 22. декември, односно денот на кој треба да се одржи судењето.
„Од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евиднтниот број на повратницата која ја добива Затворот. Во однос на објаснувањето на затворот ‘Струга’ дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година (кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата), па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од затворот ‘Струга’ е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани“, се вели во соопштението лиферувано од скопскиот кривичен суд, од каде и инфомација дека за овој настан е извесена и Управата за извршување санкции при Министерството за правда, а се’ со цел одржување на текот на расправата насрочи следно продолжување за следниот понеделник.
Како што е веќе познато денешното судење за предмето „Титаник 2“ беше одложено, бидејќи обвинетиот Сашо Мијалков не беше спроведен од струшкиот затвор, а од каде излегоа со тврдење дека грешката треба да се бара во известувањето доставено од судот.

 

Спонзорирано