ПОВЕДЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА ТРИ ОБВИНИТЕЛКИ

254

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при ЈОРСМ донесе решение со кои се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и уште две обвинителки од тоа обвинителство.
„Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител на РСМ, Комисијата одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство, од каде и појаснување дека против донесеното решение не е дозволена жалба.
Како следна фаза на постапката, Комисијата ќе закаже седница на која ќе биде повикан подносителот на предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и трите јавни обвинителки, кои имаат право да предложат свои докази и непосредно да дадат изјави во врска со поднесениот предлог.​

Спонзорирано