СУДОТ ГО ИСПРАТИ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ДОМА, СПИРО РИСТОВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР!

    1876

    Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска попладне, постапувајќи по жалбите на одбраната на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, а поднесени против решенијата на Судија на претходна постапка со кои беше прифатен предлогот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со кои им беше определена мерка притвор во траење од 30 дена,
    Во присутво на странките Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска одржа јавна седница на која донесе решенеие со кое Миле Јанакиски повторно го враќаат во куќен притвор, но решенеие со кое се потврдува мерката притвор за Ристовски.
    „Жалбата на обвинетиот М.Ј. се уважува, а решението на судија на претходна постапка се преиначува, со тоа што спрема обвинетиот се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините од член 165 став 1 точка 1 и 2 од Законот за кривична постапка, и се забранува на обвинетиот комуникација со лицата опфатени во кривично правниот настан без дозвола од судот. Жалбата на обвинетиот С.Р. се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка“, се вели во кусото соопштение на скопскиот кривичен суд.

    Спонзорирано