СУДИЈКАТА ЛОРЕТА ЃОРЃИЕВА ГО БАРА „ИНФОМАКС“ ЗА ДА ИМ ВРАЧИ ИСПРАВКА

2626

Од „Инфомакс“ се бара извинување или демант за напишаното, но клеветничкиот и непотпишаниот текст веќе го нема на сајтот

 

Судијката Лорета Ѓорѓиева, од струмичкиот Осоновен суд, според пишувањето на „Инфомакс“, требало да го суди предметот на Боро Стојчев, но таа информација е неточна, но судијката не само што не може да ги демантира ваквите пишувања, не може да достави ниту исправка, ниту појаснување, бидејќи не е познато на која адреса се службените простории на овој таканаречен портал.
Имено, според сознанија до кои дојде „ПРАВОСУДСТВО.МК“, судијката Ѓорѓиева со денови наназад се мачи да ја пронајде адресата на „Инфомакс“ за да може од нив да побара извинување, но нејзините обраќања се враќаат назад со назнака: „непознат примач“.
Како и да е крајната намера на судијката Ѓорѓиева е да добие извинување, а во исто време да објасни дека таа нема да постапува во предметот што е оформен против Боро Стојчев, актуелен градоначалник на Општина Ново Село, обвинет за криумчарење цигари.
Низ Струмица и околните општини веќе се шири шега на сметка на едно лице кое се поврзува со постоењето на „Инфомакс“. Имено, тоа лице минатата недела беше спроведено во скопскиот кривичен суд поради постоење на основано сомнение дека ја злоупотребило својата поранешна функција и дека на тој начин успеало да обезбеди за себе дури 72 стана. Струмичани велат дека дотичниот, инаку и финансиски помагач на „Инфомакс“ им издал еден од становите, но не се знае точно кој и каде, но има и такви кои на шега велат дека „редакцијата“ била префрлена во канцеларија на една државна компанија во која била вработена уредничката на порталот, но во која не влегла со години и покрај тоа што редовно земала плата.
Инаку текстот на „Инфомакс“ е најобично клеветење и највераојатно затоа е и симната неговата објава. Во тоа писание нема ниту еден релевантен извор на информации или барем соговорник, а нема ни потпис од автор што, пак, е својствено за работењето на вакви и слични портали.
(Љ.С.)

Спонзорирано