СУДИИТЕ ПАНЧЕВСКИ, ВАНГЕЛОВСКИ, ЛАЛИЧИЌ, КОСТОВА И ЗАФИРОВСКА ПОД „ИСТРАГА“ НА АНТИКОРУПЦИСКА

2780

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, поранешната претседателка Судскиот совет, Александра Зафировска, судијката од „бомбите“ Сафија Лаличиќ, нејзината колешка Светлана Костова од Вишиот управен суд и поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски ќе бидат предмет на истрага на Државната комисија за спречување на корупција.

ДКСК ја презема оваа иницијатива откако петтемина судии беа посочени и во извештајот на Стејт департментот, а претходно и во извештај на СЈО како одговори за тоа што дозволиле во претходните години политиката директно да се меша во судството. Од Антикорупциската комисија велат дека причина плус за отворање на овие предмети се информациите во јавноста што ги поврзувале судиите со злоупотреби и корупција. На овој начин, според нив, тие може да дадат придонес во реформите во правосудниот систем.

По допрен глас во јавноста ДКСК ќе ја проверува и имотната состојба на Миле Јанакиески, Илија Исајловски и Кирил Божиновски. Комисијата ќе проверува и постоење на евентуални коруптивни договори во постапки за јавни набавки при изработка и ревизија на ДУП-овите во општина Центар.

Спонзорирано