Судењето за случајот „Рекет“ е закажано за 3 декември. Тогаш ќе се одржи првото рочиште за аферата која предизвика силни потреси во политичко-правни кругови во земјава. Тогаш на обвинителна клупа ќе седнат поранешната СЈО Катица Jанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец.
-Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. согласно АКМИС – електронскиот систем е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска – соопштија од Кривичниот суд.
Судијката Николовска- Масевска беше дел од тројката судии кои ги одбија жалбите на осомничените во случајот „Империја“, односно не им дозволија на Сашо Мијалков и Орце Камчев да излезат од притвор.