ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО: Се утврдуваат причините за сообраќајката во која загина едно лице

    1341

    Јавен обвинител од Прилеп и екипа од криминалистичка-техника на МВР вчера извршиле увид на дел од патот Прилеп-Македонски Брод, во близина на селото Ропотово, односно на местото кадешто се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот.
    Според првичните сознанија со кои располага обвинителството до несреќата дошло кога патничко моторно возило „опел астра“, од непознати причини излетало крај патот и паднал во канал надвор и притоа на лице место починал 70-годишен сопатник.
    Обвинител издал наредби за обезбедување на траги и предмети, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот.

    Спонзорирано