Судењето за „Монструм“ ќе продолжи со слушање „бомби“

1097

Со слушање на снимки од разговори кои се дел од „бомбите” на 5 септември ќе продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.  „Бомбите“  за случајот „Монструм“ до СЈО ги достави СДСМ.  Обвинителството, пак, ги предложи снимките како дополнителни докази.

Огнен Ставрев на странките им предложи доколку сакаат неколку дена пред судењето да ги разгледаат транскриптите за да се подготват за судењето.

Кај Смилковско Езеро, пред повеќе од седум години, беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Спонзорирано