ОРЦЕ КАМЧЕВ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДАВА ИСКАЗ ЗА „РЕКЕТ“

    5250

    Орце Камчев, според неофицијални информации на „Правосудство.мк“, моментно е во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде што дава исказ за случајот „Рекет“.
    Информациите до кои дојдовме велат дека Камчев утрово се вратил во земјава и веднаш се упатил кон Обвинителството каде што, засега, а во рамки на преметот „Рекет“ има статус на оштетен. Како што е познато, Камчев го обвини Боки 13 и неговиот партнер Кичеец дека го рекетирале, односно дека прво му ветувале укинување на мерката притвор, па на куќниот притвор и враќање на патната исправа, но и комплетно запирање на сите активности на СЈО поврзани со предметот „Империја“, а во кој тој е првоосомничен. Камчев обвини дека му било ветувано дека зад него требало да застане лично Катица Јанева, а тој за возврат требало да даде осум милиони евра. Она што засега е извесно е дека се испла

    тени 500.000 евра и дека постои уште еден милион евра, бидејќи тој беше покажан во еден италијански медиум, но не се знае каде завршиле тие пари. Во меѓувреме, на распит беше повикана и Јанева, а веќе наредниот дена таа беше уапсена, а потоа и притворена. Од нејзниот дом беше изнесен мебел, вреден нецели 5.000 евра, што таа го примила како подарок, но истиот бил озвучен.

    Спонзорирано